Колку младите се вклучени во донесување одлуки за подобрување на место за живеење?

Да се надмине тезата дека младите се пасивни, бидејќи тоа не се однесува на сите млади и истите да се вклучат во креирањето политики во општеството е една од заложбите на Фондацијата за развој на локалната заедница Штип. Извршниот директор, Борис Шарковски вели дека секој може да придонесе за подобро место за живеење, а преку вклучувањето пред сѐ на младите во креирањето одлуки градот и општеството ќе претпрат промени по принципот што е најпотребно.

“Обично тргнуваме во говорите „младите се пасивни“. Тоа е точно до некаде, но не се сите млади пасивни. Дел од граѓаните се чувствуваат разочарани, бидејќи учествувале, реагирале ама немало полза. Дел од граѓаните се неодговорни, не сакаме да се поместиме од нашата конфорна зона.“ – додава Шарковски.

Обезбедување на простор за младите е првиот чекот кој го прави фондацијата за да може тие да се вклучат, да реагираат и да донесуваат одлуки за нивното место за живеење.

„Фондацијата работи на зголемување на учествито на граѓаните во креирање на политики. Тоа значи секој граѓанин да се вклучи и да регира за она што му е негов интерес. Младите овде се посебен фокус, ова е само еден од начините на кои ние ги вклучуваме младите. Еден од најиндикативните последните 6 – 7 месеци е еден простор кој се вика младинско катче или „Млади хаб““ – вели Шарковски.

Обидите на локаланите самоуправи да ги вклучат младите во начинот на креирање на општинските Буџети, да преедложат мерки за нивното место на живеење е показател дека мислењето на граѓаните треба да се вреднува.

Лаура Стојанова М-Нет