Со полагање свежо цвеќе одбележна 36 годишнината од смртта на Љупчо Арсов во Штип

Со рецитал, едноминутен молк и положување свежо цвеќе кај Алеата на народни херои во Штип, преставници од Локалната самоуправа, политички партии, делегации, роднини и пријатели му оддадоа чест на Љупчо Арсов. Денеска се одбележуваат 36 години од неговата смрт.

„Денес се собравме тука пред спомен бистата на народниот херој Љупчо Арсов за да се присетиме кога точно на 19 ноемри 1986 година, пред 36 години почина кој е погребан во гробиштата на алеата на народни херои Бутел – Скопје. Љупчо произлегува од добра фамилија. Роден е во Штип на 19 мај 1910 година, овде завршува основно и средно образование а потоа се запишува на факултет и завршува економски науки“ – вели Мицевски.

По звршувањето на своето образование Арсов заминува на работа во Белград , а по 1941 година се враќа во Штип каде продиолжува да работи.

На денешниот настан преку песна се истакна и важноста да се спречи вандализмот и да се слават имињата на хероите кои животот го дале за слободна држава.

Лаура Стојанова М-Нет