Најавено намалување на цените на производите нема, граѓаните велат животот е скап

Животот скап, граѓаните на терен не забележуваат намалување на цените на основните производи за живот како што беше најавено од страна на Владата. Министерот за економија Бектеши истакна дека со мерката компаниите да добиваат електрична енергија по ограничена цен, основните производи за живот требаше да бележат намалување. Но, и по неколку дена анкетираните штипјани велат цените само одат во нагорна линија.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека оваа недела ќе бидат направени анализи на цените во маркетите и јавноста ќе биде информирана за нивното намалување.

„Оваа недела ќе направиме анализа директно и физички во супермаркетите, а ќе известиме и за процентот на намалување на цените на производите и компаниите кои тоа го направиле. Државниот пазарен инспекторат веќе работи согласно новиот Закон за заштита на потрошувачите, интензивирани се контролите и вчера директорката кажа дека се изречени неколку казни“ истакна Бектеши.

Тој додаде дека Министерството на дневна основа добива податоци за увозот на производите од Одлуката на Царинската управа.

Лаура Стојанова М-Нет