
По повод 14 ноември светскиот ден за борба со дијабетесот Форум на жени на СДСМ Штип организираше акција во која на граѓаните им се мереше шеќер во крвта. Како што истакна претседателката на форумот на жени на СДСМ Штип, Ленче Рунтева, дијабетесот е болест која го засега речиси секое семејство и треба навремено да се реагира.
„Денес 14 ноември, светскиот ден за борба со дијабетесот, форумот на жени на СДСМ Штип во соработка со комисијата за здравство на СДСМ решивме да ја организираме оваа акција за мерење на шеќер во крвта на нашите сограѓани. Знаеме дека дијабетесот го засега секое семејство, страосната граница се подолу се спушта на заболените од дијабетес, затоа превенцијата е најдобриот начин да се заштитиме. Треба секој да се држи до здрава исхрана, пешачење барем 30 минути во текот на денот и нормална физичка тежина на своето тело“ – кажа Рунтева.
На малиот плоштад во Штип граѓаните денеска можеа да проверат шеќер во крвта, интерес имаше, односно во првите 20 минути над десетина случајни минувачи седнаа на столчето за да им се провери шеќерот во крвата. Велат дека ваквите акции треба да се спроведуваат почесто, бидејќи здравјето не познава политика.
Од Форумот на жени на СДСМ Штип истакнаа дека вакви акции ќе има и во иднина со цел да им се излезе во пресрет на потребите на граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет