Промоција на осум доктори на науки на 21. Митровденски средби во штипската Библиотека

Осум доктори на науки промовирани во рамки на 21. Митровденски средби во Штип. По повод 8 Ноември, Денот на ослободувањето, и празникот Митровден, Библиотеката „Гоце Делчев“ и овојпат ги промовираше новите доктори на науки кои со оваа титула се стекнале во тековната година меѓу двата празника. Оваа година промовирани беа осум доктори на науки, од кои повеќето се од областа на медицинските науки и сите се жени.

„Ќе има удел во радиофармацијата и во медицината, односно во третман кај пациенти со позитивен рак на дојка. Да напоменам дека ова што јас го работев се ин-витро испитувања, норамално дека мора да имаме уште испитувања сѐ со цел да може овој лек и препарат да се користи кај пациенти“, истакна Марија Арев, доктор на медицински науки – фармација.

„Мојата докторска дисертација е од областа на радиотерапијата и онкологијата. Самата дисертација е работена еден подолг период со следење на околу 360 пациенти со ран стадиум на карцином на дојка од посебен тип.

Според веќе промовираните доктори на науки, ваквите Митровденски средби се од особено значење, бидејќи прво им се оддава почит за она што тие имаат успеано да го направат, а од друга страна се дава мотив за продолжување на работата. Освен доктори на медицински науки, меѓу промовираните се и доктор по англиски јазик, доктор на науки по угостителство и туризам и доктор по економски науки.

„Темата е во економските науки за глобалните текови и информационите технологии, како едни водечки сили коишто ќе успеат да влијаат на маркетинг каналите, коишто ние во нашето секојдневие ги искористуваме, ги употребуваме и им дејствуваме на свој начин, како што знаеме и умееме. Се надевам дека со ова истражување и сите понатамошни ќе успеам да придонесам во квалитетот на образованието на нашите студенти“, истакна д-р Моника Арсова, доктор на економски науки.

Митровденски средби е настан којшто традиционално се одржува од 2002 година, а досега во рамки на истиот промовирани се 230 доктори на науки.

Ребека Спасова М-Нет