
Општина Штип е оштетена за четири милиони евра или 70% од еден основен Буџет, не се почитувал Законот за градежно земјиште при продажба на градежни парцели, економските оператори кои граделе биле без контрола, не се активирале банкарски гаранции. Ова се само дел од неправилностите односно забелешките кои се констатирани во ревизорскиот извештај за работењето на Општина Штип за 2021 година. Градоначалникот Иван Јорданов го повика обвинителството да го разгледа истиот.
„Го повикувам Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај, да констатира она што го констатирал Државниот завод за ревизија и да се утврди одговорност. Овој извештај е причина да институциите кои се надлежни треба да преземат одредени чекори за да се утврди што е причината која довела до вакви појави и извештајот на ревизијата е доволна причина овие институции да покренат пшредмет и утврдат која е причината зошто последователно се повторувала оваа грешка.“ – кажа Јорданов
Јорданов посочи дека една од најголемите забелешки на ревизорите и каде што има и голема штетата на граѓаните е неплаќањето на кредитот, кој е земен пред повеќе од една деценија.
„Она кое што е главно и е важно да се истакне е дека поради ненаплата на данок е застарено побарување кое Општина Штип не го направила во изминатата 2021 година и со што директоно е оштетен Буџетот на општината. Исто така поради неплаќање на рати од кредитот настанало нараснување на долгот односно камата го надмината основниот долг и мислам дека треба да се побара одговорност.“ – додава Јорданов.
Јорданов истакна дека ревизорскиот извештај преставува показател на што треба да се работи во иднина и кои забелешки треба да бидат отстранети. Како Локална власт посочува дека напорите се токму во таа насока, работењето да не наиде на нови неправилности.
Лаура Стојанова М-Нет