
Пластика, стари предмети од бела техника, мебел кој веќе не е за употрба, секаков вид на ѓубре и отпадоци може да се најде покрај патот на потегот над Мирајнина црква во Штип. Граѓаните регираат грижејќи се за животната средина, но и за сопственото здравје. Велат дека секојденвно минуваат од овде, а се изложени на разни заразни токму поради причината што ѓубрето се наоѓа на сите страни околу контејнерите, покрај патот. Апелот упатен од наделжните не вроди со плод, па се бара нова алтернатива како да се постапи за да се најде решение на овој проблем. Директорот на јавното претпријатие Исар, Трајче Здравков истакна дека ќе се постават боксови околу контејнерите и на тој начин ќе се реагира за ѓубрето да не се расфрла наоколу.
„Како што кажавме еднаш упативме апел сметот да се одлага во садовите за смет коишто се поставени, но и понатаму поединци продолжуваат сметот да го одлагаат надвор од контејнерите. Ние најдовме едно решение, еден заклучок да поставиме конструкции со цевки каде тие контејнери ќе се заградат со цел сметот кој се одлага во нив во зимскиот период од надворешни и атмосферски влијанија да не се распространува околу куќите со што ќе се загадува животната средина. Ова решение ќе го напаравиме во следните неколку дена“ – кажа Здравков.
И во оваа прилика апелот до граѓаните останува ист да бидат совесни и да не го фрлаат ѓубрето околу контејнерите со што дополнително се создаваат мини депонии кои ја загадуваат животната средина. Посочи дека ваква пракса се применува одредено време и резултати има.
“Уште еднаш апелирам прописно да се одлага сметот за ЈП Исар со својата механизација да може да постапи согласно прописите. Има поставено на некои клучни места во градот каде имаме одлагање на сметот надвор од контејнерите се заградени со конструкции со боксови со што сметот се задржува околу местото кое е оградено и со тоа спречуваме да се раширува сметот низ населените места и со тоа да се загадува животната средина“ – додаде Здравков.
Здравков истакна дека јавното претпријатие има конструкции, тоа значи дека дополнително ќе го чини претпријатието само за ограда.
Проблемот со мини депониите кон Мирјанина црква се провлекува погодлго време. Решение се бараше и претходно, но граѓани наместо во контејнерите сметот го оставаат околу нив.
Лаура Стојанова М-Нет