
Невладината организација КХАМ со свои активности ја одбележува Европската неделата на имунизација, во општина Делчево и с.Црник – Пехчево, освен хигиенски пакети поделени се и печатени материјали за значењето на имунизацијата на семејства кои живеат во социјален ризик, а кои изминатата година добиле новороденче.

На овогодинешнава акција се дава посебен аспект на менталното здравје на децата е во организација на НВО КХАМ и Општина Делчево, а со поддршка на Здравствениот дом во Делчево и ОО на Црвен крст од Делчево.

По повод Европската неделата на имунизацијата, акцијата се спроведува десетина години,а целта е да се излезе на терен, проверат картоните за имунизација кај децата до 1 година, како и да се подигне свеста за важноста од редовната вакцинација.
Благојчо Костадинов /М-НЕТ