
Општина Штип и Здружението „Мобилност“ инвестираа во изградба на инклузивно игралиште за деца со телесен инвалидитет, но и за сите останати. Ова игралиште е направено на барање на граѓаните од тој дел од градот, со цел да се искористи неуреден простор.
„Оваа инвестиција е заедничка со здружението Мобилност и Министерство за труд и социјална полити. Ќе продолжиме да инвестираме во вакви нови содржини кои ќе бидат во интерес на нашите најмлади сограѓани,“ изјави градоначалникот на Штип Благој Бочварски.