
Масовно вадење песок од река Бреаглница ги вознемирува граѓаните. Реагираа до нашата редакција дека на потегот од Стар Караорман кон Општина Карбинци секојдневно биле сведоци на масовно вадење на песок од реката со камиони. Прашуваат дали за тоа се има потребната дозвола. Велат дека со ова се влијае и врз течението на реката, но и врз животната средина. Екипата на М-Нет телевизија беше на терен. На посочениот простор можеше навистина да се забележи вадење на песок од река Брагланица, но зад камерите одговорните лица имаа соодветна дозвола за работата која ја вршат. Истакнаа дека сѐ е легално и дека нема ништо проив законски.
Инаку, пред една година песок во големи количини се вадеше и од коритото на река Брегалница кај мостот во село Долни Балван. Граѓани и тогаш реагираа, но одговорот беше ист соодветна дозвола има.
Лаура Стојанова М-Нет