Со пригодна манифестација текстилното училиште во Штип го одбележа патрониот празник

Со пригодна манифестација, низа активности на учениците денеска средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ Штип го одбележа својот партон празник. Според директорката Марина Варадиновска, училиштето се движи во поскауван правец, а мисијата е реалзирана, секој ученик да ги добие прават кои ги заслужува.

„Денес го одбележуваме патрониот празник на нашето училиште Димитар Мирасчиев. По тој повод денес организиравме низа активности коишто се случуваат во чест на Димитар Мирасчиев. Оваа учебна година ќе ја паметиме по многу успеси и предизвици. Нашата мисија е реализирана, станавме училиште со квалитетен и современ процес и нудиме еднаква можност за сите дечиња.“ – кажа Варадиновска.

На денешните активности децата имаа можност да се престават со свои креаци и да се проследи модна ревија. Со тоа заеднички се придонесува за подобро училиште и подобра настава.

„Нашите ученици се преставија со креативни креации, модна ревија и изложба на учениците кои ги изработуваат по предметот Ликовна ументост и по предметот практична настава“ – додаде Варадиновска.

На настанот свој настап имаа и дечињата од детската градинка Вера Циривири Трена, а присутен беше и градоначалникот Иван Јорданов.

Димитар Мирасчиев е македонски револуционер, војвода, учител и деец на македонската револуционерна организација. Роден е на 10 август 1872 година во Штип. Се школува во Штип, а образованието го продолжува на факултетот во Софија.

Лаура Стојанова М-Нет