
Нема договор меѓу менаџерскиот тим на кочански Водовод и економскиот оператор за електрична енергија. Тоа значи дека и по седум дена управната зграда на претпријатието и уште неколку работни единци и понатаму остануваат без електрична енергија. Долгот од 50 милиони денари стои, договор за испалата на рати нема, а нема ниту струја. Ова е првото јавно претпријатие кое настрада од високите сметки за струја. Претседателот на АДКОМ, Пеце Милевски вели ситуацијата е алармантна на секаде, а помошта од Влада се уште ја нема.
„Ситуација веќе секаде станува алармантна, електирчната енергија веќе подолг период е проблем, така да не џнам што да очекуваме понатаму. Имевме одредена најава за соработка и помош, но се уште нема и се наталожуваат проблмите.
Милевски истакна дека оваа криза не би требало да влијае директно врз грбот на граѓаните. Но, со оглед на фактот дека сметките за струја на месечно ниво се повисоки од приходите на голлем број претпријатија во државата, зимава ќе биде тешка.
Милевски не се согласува дека претпријатијата се со промногу вработени и дека треба да се штеди преку намалување на бројот на вработени. Додава дека секое претпријатие има вработени колку за навремено и целосно завршување на обврските кон граѓаните.
Инаку и кочански Водовод и понатаму продолжува да ги снабдува граѓаните со вода за пиење, со што водоснабдувањето во градот за сега не е загрозено.
Лаура Стојанова М-Нет