
Вечерва избувна пожар во зграда во населбата Широк Дол во Штип. По едночасовна интервенција на 15 пожарникари со три противпожарни возила, пожарот е изгаснат. Нема повредени, причинета е материјална штета, два стана целосно се изгорени. Станарите од сите десет станови се евакуирани, а интервенирла и брзата помош бидејќи неколку станари вдишале чад. Опожарената зграда и дел од населбата се без електрична енергија.
https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=836018224196483