
Осмата рунда од Втората македонска фудбалска лига носи дерби пресметки, возбудливи натпревари, неизвесни дуели за трите бодови.
На „Билјанини Извори“ се игра големото езерско дерби каде свое соочување ќе имаат Охрид и Караорман од Струга.
Стадионот во Охрид со сигурност ќе биде исполнет од навивачите на двете екипи, како и со верните „Рибари“ од Охрид и „паткари“ од Струга.
Двете екипи в недела ќе истрачaат за трет сезонски триумф во низа со што ќе направат значителен исчекор кон високиот дел од табелата, односно кон топ петте екипи во второлигашкото друштво.
Што се однесува до бодовната состојба и двете екипи имаат по 10 освоени бодови, и ја делат седмата позиција на табелата. Охрид в среда во рамки на заостанатиот меч од 6. коло триумфираше над Детонит Плачковица на домашен терен, а пак Караорман триумфираше над Кожуф среде Гевгелија, исто така во заостанат меч од 6. коло, па нивните победи се одлична најава за големото езерско дерби в недела.
Пелистер оди на поправен испит против разнишаната Слога од Виница. Битолчани повеќе немаат право на кикс, а разочарувањето од поразот во Радовиш од Детонит Плачковица (1:0), ќе треба да го поправат со сигурен и убедлив триумф со што ланскиот прволигаш сериозно ќе се врати во трката за местата кои водат во Прва лига.
На „Благој Истатов“ во Струмица ќе гледаме соочување на Беласица и Воска Спорт од Охрид. Струмичани се далеку од враќање во елитата, ги очекува тешка сезона доколку успеа да обезбедат барем бараж, но за да се случи такво нешто, Беласица веќе в недела ќе мора да се покаже и докажен против еден од главните кандидати за Прва лига, екипата на Воска Спорт.
Охриѓани во Струмица доаѓаат непоразени, трите бодови се единствена цел за Воска Спорт, која сезонава цели кон директен историски влез во Првата македонска фудбалска лига.
Тетекс по катастрофалниот пораз од Беса (6:1) направи тренерска смена и го назначи Љупчо Дiмовски за нов тренер, откако претходниот тренер Даниел Радевски си замина.
Штофарите“ во новата сезона имаат единствена цел, опстанок во Втора лига, а Димовски веќе в недела ќе го има своето деби против Гостивар, кој важи за еден од главните кандидати за влез во Прва лига.
На овој меч екипата на Гостивар ќе важи за голем фаворит за трите бодови, па се освен пораз за Тетекс ќе биде позитивен резултат.
Новајлијата Арсими на домашен терен ќе игра против Локомотива Пехчево во меч каде трите бодови се повеќе од потребни и за двете екипи со цел да имаат полесна пролет во борбата за сигурен и директен опстанок.
Арсими има три победи и четири порази, а в недела силно мотивиран ќе атакува на трите бодови против Локомотива, која во претходното коло го декласираше Кожуф (3:0) за прво сезонско славје.
По слабиот резултат и втор пораз во Охрид, екипата на Детонит Плачковица на домашниот терен во Радовиш ќе игра против „фенерџијата“ Борец од Велес, кој доби нова управа.
Радовишани минатата среда во рамки на одложениот меч од 6. коло загубија од Охрид со 2:0, прикажаа послаба игра од очекуваното, а веќе в недела ќе имаат нова шанса за поправен и тоа против Борец кој е на дното без бодови.
Борец го превзема Никола Аврамовски, додека пак Туш Зефиќ ќе биде негов прв помошник. Целта на новиот стручен штаб ќе биде да обезбеди сигурен опстанок во Втора лига.
- Цела табела од Втора лига пред почетокот на 8. коло:
