
Во члест на светскиот ден на слепите лица 15 октомври денеска во Штип здружението на слепи лица огранизираше средба со првиот човек на општината, Иван Јорданов. Претседателот на здружението Драги Витанов истакна дека е задоволен од соработката со Локланата самоуправа, досега се рализрани дек од проектите, а се надеваат дека ќе се рализира и останатито дел.
„Се надевам дека во текот на идниот период ќе реализираме и други проекти. Како еден од проектите е да се отстранат пречките од тротаорите, веќе дел од таа работа е завршена веќе е имплементирано.“ – кажа Витанов.
Ситуацијата на слепите лица, услугите во државата и прокетите на кои треба да се работи беа главните теми за разговор на денешната средба.
„Нашата примарна е дса инфраструктурно да го оспособиме градот за полесно движење на лица со оштетен вид, одредени прокети пред се тротоарските површини ќе бидат приспособени и заштитени за сите лица, вклучувајќи ги и лицата со оштетен вид.“ – додаде Јорданов.
Во оваа прилика Јорданов истакна дека во рамки на можностите секогаш ќе се помогне на оваа целна група со цел подобрување на условите за живот и на лицата со оштетен вид.
Лаура Стојанова М-Нет