
Граѓанска трибина организираше Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ при ОК во Штип. Дискусијата беше со цел актуелизирање на состојбата во образованието, а во пресрет на Светскиот ден на учителот. На таа тема дискутираа претставници од повеќе општини во регионов, како Кочани, Виница, Свети Николе, Пробиштип, Карбинци, како и претставници од други политички партии.
Изјава од 00:16 (денес) до 01:04 (штип), Христина Серафимовска, претседателка на Унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ Штип
„Денес по повод Светскиот ден на наставникот организираме граѓанска трибина на тема „Актуелни предизвици во образованието: наставниците некогаш и денес“. Трибината е од регионален карактер иницирана од состојбите во образованието и проблемите, предизвиците со коишто на дневна основа се соочуваат наставниците, учениците, студентите и тоа веќе подолг временски период – од почетокот на ковид кризата па до денес со економската криза. Специјален гостин на настанот ќе биде проф. д-р Весна Јаневска, претседател на Комисијата на образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ и свое обраќање ќе има градоначалникот на Општина Штип“, истакна Христина Серафимовска.
Според Серафимовска, образованието како сектор во моментов се соочува со голем број предизвици и проблеми. Таа вели дека од граѓаните постојано добива барања да бидат погласни во однос на тоа, а во таа насока е и ваквата дебата.
„Ако судиме според искуството и според реакциите на фелата, можам да кажам дека на дневна основа сум контактирана од наставници, загрижени родители и ученици коишто редовно ни пријавуваат проблеми, бараат решенија од нас. Едно од основните барања е како политичка партија да бидеме погласни и да ги изнесеме во јавност сите проблеми со коишто тие се соочуваат како резултат на погубните политики на централната власт“, додава Серафимовска.
Висока посетеност и плодна дебата, вака Серафимовска го оценува вчерашниот настан. Со ова, според неа, се потврдува колку се сериозни состојбите во образовниот сектор.
Ребека Спасова М-Нет