“Макфест” – 37 години бранови на македонска музика во Штип на 21 и 22 октомври

37. Издание на фестивалот за забавни мелодии “Макфест” ќе се одржи на 21 и 22 октомври во Домот на културата “Ацо Шопов” во Штип. Ќе настапат околу 25 изведувачи, а помеѓу нив ќе бидат штипјаните “Како браќа” заедно со Дарко Андонов, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Тамара Тодевска и многу други. На Макфест досега имаат настапено стотина изведувачи, најмногу од Македонија, а имало и од земјите од регионот и пошироко, но она што го прави посебен, е големиот број хитови и многу евергрини во секакви стилови и жанрови. Уметничкиот директор, Роберт Саздов, рече дека и годинава интересот е голем кај македонските артисти и дека ќе доминираат модерени звуци.