
Повторно блокада со трокатори најавуваат оризопоризводителите од кочанско. На 11 октомври излегуваат на нови блокади бидејќи рокот за реализација на нивните барања истече, а оставрени се само две од нив. Сѐ уште се чека одлука од страна на Собранието оризот да стане стратешка култура како јачменот и пченицата, а нема ниту одлука за интервентен откуп за стоковите резерви од годинешната реколта.
„За жал ниту Министерот, ниту тие околу него не сакаат ниту да слушнат, туку само ја префрлаат топката на откупувачите. Ние со откупувачите нема што да правиме. Луѓето го предаваат оризот, откупуват го по цена од 22 – 23 денари. Ако оризовата арпа е од 40 до 45 денари ние нема зошто да сееме затоа на 11 октомври излегуваме на протест“ – кажа Арсов.
Тодор Ристов проиведува ориз, вели има еден хектар но корист нема. Само се полнат земјоделските аптеки со пари за ѓубре и препарати, а егзистенција од ориозт на виделина нема. Незадоволен од земјоделието и производството на бело злато е и Здравко Донев од село Спанчево.

„Наполнивме ги земјоделските аптеки полни пари, ние ќе бидеме во загуба. Догодина никој нема да сее.“ – вели Ристов.
За жетва оризопоризводителите велат не се подготвени, бидејќи сѐ уште немаат загарантирана откупна цена. Според нив неподготвени се и откупувачите односно тие тактизираат со цената.
Оризопроизводителите од кочанско неколкупати до сега излегуваа на протест, започнаа и преговори со Министерството за изнаоѓање решение, но на виделеина сѐ уште нема ништо.
Лаура Стојанова М-Нет