
Преку медијатор од Агенцијата за млади и спорт требаше да се надмине проблемот меѓу БК Олимпија и боречката федерација. Меѓутоа наместо да се реши проблемот, истиот доби други насоки наведуваат во писемно соопштение од страна на БК Олимпија. Велат дека добиле известување за уплата на казна од 300 евра и изјава за повлекување на тужбите спрема федерацијата.
„Сето ова го сметавме за уцена кон нас и нашите членови, но во интерес на клубот и децата извршивме уплата од 300 евра на 15.08.2022 година на сметка на федерацијата на боречки спортови заедно со изјава во која се наведува дека доколку БК Олимпија добие членство да се повлечат сите негативни изјави спрема федерацијата, како што тие бараат од нас. Од сето тоа добивме само благодарност за упалтените средства кон нив“ – соопштија од БК Олимпија.
Дека состанок е оддржано потврди и директорот на боречката федерација Деајн Богданов. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија тој истакна дека на состанокот имало три точки кои требало да се исполнат, но втората се уште не била исполнета од страна на Олимпија.
„Првата точка да се уплати на сметката на федерацијата изречена дисциплинска казна во износ од 300 евра од страна на Олимпија е завршена. Втората точка беше да се повлечат сите поднесени тужби и да се достави доказ од судска архива за нивно повеклување. Тоа се уште не е направено. Кога ќе се достават докази, во тој случај ние немаме никаков проблем БК Олмипија да биде член на федерацијата„ – кажа Богданов.
Од БК Олимпија бараат од федерацијата да бидат известени за понатамошните постапки на клубот и неговите членови.
Лаура Стојанова М-Нет