Симон Трпчески на 25 септември со концерт на плоштадот „Слобода“ во Штип

По пет години од светската премиера, нашиот прославен пијанист Симон Трпчевски проектот „Македонисимо“ конечно го изведува дома. Македонската премиера беше во Скопје на 14 септември, а следната изведба е на 25 септември, во Штип. Концертот ќе се одржи на градскиот плоштад „Слобода“, а сите заинтересирани ќе може да го проследат бесплатно.

На последната седница на штипскиот Совет беше донесена одлука за соработката со врвниот пијанист да се обезбеди сума од 10.000 евра.

Светската премиера на музичкиот проект „Македонисимо“ беше на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија, а потоа следеше својување на светските музички меридијани. Ден по концертот во Штип, на 26 септември, „Македонисимо“ ќе биде изведен и во Битола.

Ребека Спасова М-Нет