Жетвата на пченицата и јачменот заврши, производителите чекаат подбра откупна цена

Заврши жетвата на пченицата и јачменот во штипскиот и карбинскиот регион, но откупната цена сѐ уште не е задволителна за земјоделците. Од 50 до 70% од родот е складиран во силуси и чека подобра откупна цена. Земјоделците велат годинава заради скапата цена на ѓубрето, родот е слаб и во квалитет и во кванитет. Ако пред една година ѓубрето било 600 денари, годинава беше 2200 денари.

„Откупната цена е иста како и во екот на жетвата, јачменот е од 16 до 17 денари и тоа го откупуваат трговци, нашите сточари не можат да ја платат ни таа цена. Пченицата е од 18 до 19 денари ја откупуваат млиновите, а трговицте даваат по 20 денари за извос. Оваа година е многу лоша бидејќи имаме многу малку род, имаме 200 до 250 килограми род. Еден ден беше многу скапо ѓубрето, не можеа сите да фрлат ѓубре, а немаше ниту дождови.“ – вели Серафимов.

Серфаимов додава дека ако државата не помогне со субвенционирање, многу од земјоделците ќе се откажат од земјоделство, а со тоа под знак прашалник се става и снабдувањето на државата со храна.

„Ние сме секако зависни увозно, меѓутоа ако државата нешто помогне да субвенционира репроматеријали, нафта може да продолжи работата, инаку ќе се откажат многу производители.

Околку 20% во силусите стои и ланскиот род, бидејќи и пченицата и јачменот чекаат подбра откупна цена.

Лаура Стојанова М-Нет