Атракција или еколошка катасторфа е езерцето во близина на Три Чешми во Штип?

Пред речиси една деценија во Штип се промовираше нова атракција за граѓаните. На пет километри од градот, во близина на приградската населба Три Чешми беше пуштено во функција новосоздаденото езерце, кое требаше да биде уникатно катче за граѓаните. Со нови клупи и летниковци, пешачка патека, и црква во близина. Но, граѓаните денеска реагираат за еколошка катастрофа. Велат дека од ветеното постои само црквата Света Злата Мегленска. Водата во езерцето е под просекот, односно подбиолошкиот миниму за рибите. На терен можеше да се забележи бара, животни кои се мачат да преживеат, искршени клупи замисла на летниковец.

Од Општина Штип за ваквата слика на терен истакнаа дека се свесни и дека во интерес на граѓаните ова ќе биде променето.

„Очигледно во последните пет години ни една локација во Штип не била унапредена со нови содржини. Ние како Локална самоупрва работиме во интерес на граѓаните, па ќе се работи и на уредување на оваа локација. Ќе се постават нови содржини, ќе се вложат напори и во иднина оваа место ќе биде вистинска атракција за штипјани. Граѓаните се сведоци на активностите во изминатите неколку месеци, а само еден пример за тоа што навистина се создава е новата велосипедска патека во Штип“ – кажаа од општината.

Езерцето во близина на Три Чешми е промовирано во 2013 година и е прокет на тогашниот градоначалник на Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет