Мирен празничен ден за Итната медицинска помош Штип

Мирен и вообичаен празничен ден за Итната недисцинска помош Штип. Граѓаните најчесто се јавувале заради гадење, повраќање, велата од Брзата помош, но за среќа немало сообраќајни незгоди и посериозни проблеми за Илинден. Екипите на Брзата помош имале и неколку домашни посети, а во овој период сѐ почесто се соочуваат и со колапси и позитивни корона пациенти.

„Празникот помина вообичаено, со покачен крвен прититсок, со гадење, со повраќање, како што е и вообичаено за овој летен период од годината. Немавме некои сообраќајни незгоди такви настани. Имаме околу пет до шест домашни посети на втората смена, сѐ на сѐ околу 20 домашни посети имало во текот на денот, а овде имаме повеќе амбулантни прегледи бидејќи бевме дежурна екипа.“ вели Маријана.

И покрај тоа што државата излезе од протокалова фаза сепак препораките за граѓаните остануваат речиси исти со цел да се заштитат од високите дневни темератури и да немаат потреба да го вртат бројот на Брзата помош.

Истовремено, важи и одлуката доколку граѓаните имаат потреба да ја посетат Итната медицинска помош во Штип да носта заштитна маска, да држат растојание со цел да се зачува личното и колективно здравје.

Лаура Стојанова М-Нет