Уште девет мотоцикли одземени синоќа на територија на СВР Штип

На 30/31.07.2022 во периодот од 20.00 до 02.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на подрачјето на СВР Штип за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 18 прекршоци, меѓу кои 4 за управување мотоцикл без возачка дозвола, по еден за нерегистрирано возило, за измината важност на сообраќајната дозвола и за измината важност на осигурителната полиса, 6 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, а девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. При контролата констатирани и законски санкционирани се и 5 останати прекршоци. Исто така, во периодот од 23.00 до 05.00 часот беше спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. За време на контролата откриени и санкционирани се 4 прекршоци.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.