
Неисчистени атмосферски решетки, бетонирани шахати, оставен песок по улиците се дел од причините поради кои неверемто во Кочани остави големи штети зад себе. Анкетираните граѓани велат дека решетките се полни со ѓубре, се работи од страна на надлежните, но не доволно. Тоа значи дека е потребана поголема ажурност, за да не се повторат штети од невреме како тоа пред два дена.
„Поради невремето попладнето беше ужасно нешто и сабајле кога станавме и да прошетаме малку, решетките беа полни со ѓубре.

Граѓаните се оптимисти дека од КЈП Водовод Кочани ќе реагираат и градот ќе се врати како пред невремето.
Колку често се чистат атмосферските канали и решетки во Кочани и дали претпријатието има доволно вработени за собирање на смет во градот, се обидовме одговор да добием од новиот вд директор на КЈП Водовод Кочани, Антонио Паунов. Во смс порака за М-Нет телевизија тој напиша дека е на службен пат, упатувајќи не за одговор кај техничкиот директо Драган Ставрев. И од таму добивме ист одговор, односно дека и тој е на пат.
Лаура Стојанова М-Нет