Саниран дефектот на водоводната линија во населба Баби

Дефект на пвц линија во штиспката населба Баби од утринава повторно ги остави жители без вода за пиење. На страната на ЈП Исар напишаа дека се работи на санација на дефектот и во најбрз можен рок истиот ќе биде саниран. Директорот на претпријатието Трајче Здравков истакна дека е реагирано за само три часа при што водоснабдувањето во населбата е нормализирано.

„Станува збор за дефек на пвц водоводна линија во населба Баби кој бее саниран во најбрз можен рок, за три часа беше саниран дефектот откако беше лоциран. Нашите екипи работат секојдневно на дефекти кои се случуваат целовремено, не само овој период. Екипирани сме, на терен се екипите на Водовод и канализација, дефектите се случуваат постојано. Проблемот е што сега сме по транспарентни ги известуваме граѓани кога имаме дефект за да знаат дека ќе има прекин во водоснабдувањето. Инаку, порано не се известувало за вакви ситни дефекти“ – кажа Здравков.

Граѓаните во населба Баби со поделено мислење кога е во прашање водоснабудвањето. За дел од анкетираните се прават рестрикции на вода, според друг дел ситуацијата е добра.

„Мислам дека намерно го прават тоа. Ова не се дефекти, не е толку расипано за да нема толку вода. Како и текне така прават.“

Граѓаните потенцираат од потребата конечно да се направи проектото за водоснабдување линија два и со тоа да се решат проблемите со вода за пиење на високи температури. Од општината во неколку наврати истакнаа дека старата и дотраена водоводна линија во целиот град ќе биде променета,а со тоа ќе бидат решени проблемите на граѓаните.

Инаку, за работите на терен и поправка на дефекти, Здравков истакна дека претпријатието располага со доволно вработени за да им се излезе во пресрте на потребите на граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет