Започна пријавувањето на штети во Кочани, истите за граѓаните преголеми

Започна пријавувањето на штети во Кочани. Граѓаните од денеска па до наредната недела може да ги пријавуваат штетите од неверемето кое ја зафати општината пред два дена. Штетите може да се пријавуваат директно во општинската едношалтерска канцеларија или на веб страната. На лице место во општината истакнаа дека граѓаните доаѓаат повремено, а има и доста пријави кои стигнуваат по електроснки пат. Погодените граѓани очекуваат помош од надлежните, бидејќи штетите од невремето се огромни.

„Ако излезе добро ако не, имаме голема штета направено. Имаме ресторант во гробиштата поплавен, ресторан имаме за убави работи, игротека сѐ беше поплавено. Па мислам дека дека треба да се помогне, у ресторанот само со бев избелил, се е лом, по два метра вода имаше внатре, маси столови сѐ е уништено, и тоа сѐ од кровот горе од капелата што не е добар кровот направен и голема штета имаме“

За пријавување на штети граѓаните во општината треба да приложат копија од лична карта, копија од транцаксиска сметка и фотографии од настанатата штета, копија од Имотен лист или друг документ за сопственост. Рокот за пријавување е заклучно со први август 2022 година односно до понеделник.

Невремето кое го зафати Кочани на 24 јули зад себе остави полни подруми со вода, расипани апарати за домаќинство, поплавени приватни и деловни објекти, штети кои допрва ќе се утрвдуваат.

Лаура Стојанова М-Нет