Ампева: Надлежните да објават препораки за заштита на работниците од високите температури

Претседателката на Здружението „Гласен текстилец“ апелира ресорните министерства да излезат со препораки за заштита на работниците од високите температури. Според неа, досега се нема случено институциите да не објават препораки во најава на портокалова фаза со цел заштита на најранливите групи од населението.

„Сметавме дека треба да ги потсетиме надлежните министерства за да ги објават протоколите. Мене ми е чудно што едно Здружение од Штип треба да им дава насоки. Државата влегува во портокалова фаза што може да резултира со загрозување на живот и здравје на работниците кои се во ранливата категорија, но и оние коишто работат на отворено“, вели Ампева.

Постетува дека работниците треба да ги почитуваат, а работодавачите треба да го заштитат здравјето на вработените. Државниот инспекторат за труд, пак, да внимава на почитување на законските прописи од областа на безбедноста и здравјето при работа.

Ребека Спасова М-Нет