Тешка сообраќајна незгода кај Долни Балван, почина едно лице, тројца се повредени

Тешка сообраќајна незгода се случи на реионалниот пат Штип – Кочани, меѓу селата Долни Блаван и Крупиште. Во незгодата учествувале две патнички моторни возила со штипски регистарски ознаки, а истата во СВР Штип е пријавена во 14:50 часот. Во сообраќајната незгода животот го изгубило едно лице, а тројца со тешки телесни повреди се пренесени во Клиничка болница Штип. На местото на настанот интервенирале и од ТППЕ Штип, а сообраќајот е во прекин. Се врши увид на местото на настанот и повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.