ВМРО-ДПМНЕ: Стечајците се оставени на цедило СДСМ: Со нашите мерки се исправи неправдата за стечајците

Над 700 корисници на јавни средства меѓу кои и стечајците се оставени на цедило без финансиски средства, истакнаа на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Според нив ова се должи на неспособноста и незнаење при менаџирање на процес за промена на раководител на Агенцијата за вработување. Затоа, упатија низа прашања.

„Прашуваме:
Зошто до денес не е направена промена на раководителот, кога претходниот раководител е заминат во пензија на ден 01.07.2022 година, користејќи претходно годишен одмор?
Дали кадровите комбинаторки на ОО на СДСМ Штип ги оставија овие граѓани да не можат да преживеат?
Дали поради неисполнување на потребните услови за работно искуство во струката и во јавен сектор на кандидатот за раководител, овие граѓани не можат да ги прехранат своите семејства?
Дали во прашање е фрустрација на СДСМ во Штип од изборниот резултат на Локалните избори:“ – прашаа од ВМРО ДПМНЕ Штип.

Од ОО на СДСМ Штип на ова одговорија дека ако не беше Владата предводена од СДСМ неправдата кон илјадници работници е исправена.

„Жалопојките и леењето крокодилски солзи над граѓаните што примаат стечаен надоместок не и доликува на вмро дпмне, партија која со години наназад не го решаваше нивниот проблем се додека владата на СДСМ не донесе закон со кој беа опфатени илјадници стечајни работници.

Со мерките на СДСМ се исправи децениска неправда кон граѓаните, за разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.“ – напишаа од ОО на СДСМ Штип.

Лаура Стојанова М-Нет