Возило теренец бара Општина Лозово за да може да се реагира за време на пожари

Општина Лозово е една од помалите општини која нема противпожарна единца. Тоа значи дека доколку се случи пожар или друга елементарна непогoдба, се чекаат екипи од ТППЕ Свети Николе. Имаат формирано добороволно противпожарно друштво по пример на некои други општини, но според градоначалникот Бошко Цветковски, тоа не е доволно. Дополнително, недостасува опременост, обука и возила.

„Ние немаме противпожарна единица, противпожарна единица има Општина Свети Николе која го покрива и нашиот дел. Имаме противпожарно друштво, меѓутоа знаете кога не е опремено, исто како и да го нема“, кажа Цветковски.

Тој вели потребно е само едно возило теренец за да може да се излезе и да се реагира за време на пожари, како и обука на лицата вклучени во доброволните противпожарни друштва.

„Еден апел, доволно е само еден теренец со кој ќе се оди до тешко пристапните места, со самиот тој теренeц и 300 литри вода може да се стигне и да се локализира на време. На последната координативна седница која ја имавме на кризен штаб во Свети Николе, лично јас предложив ако може да бидат оспособени шумските патишта за да може да стигнат противпожарни возила до нив“, додава Цветковски.

Според Цветковски, волонтери има доволно и ако се поработи на обука и опрема, ќе бидат речиси целосно оспособени да интервенираат на еветнуални шумски пожари.

Лаура Стојанова М-Нет