
Двегодишен договор потпиша Белгиецот Фајсел Касми кој ќе биде најновото засилување на штипска Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига информираат од клубот. 26-годишниот Касми, кој е централен играч за врска, е со извонредна фудбалска биографија настапувајќи шест години во белгискиот шампионат во редовите на Лирс, Стандард Лиеж, Жерминал Бершот, Жил и Висе, а во сезоната 2020/2021 беше дел и од бугарскиот прволигаш Черно Море. Неговиот последен клуб е Дофар од Оман, од каде сега доаѓа како големо засилување во Брегалница стои во соопштението на штипска Брегалница на официјалниот сајт.
Никола Арсов М-Нет