Сообраќајна незгода помеѓу два мопеди во Штип, еден управуван од малолетник

На 27.06.2022 во 10.25 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Штип и мопед „бостон ејт“, управуван од Ш.З.(37) од Штип. Во несреќата Ш.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница-Штип. Увид извршила екипа од СВР Штип.