
Неуспешен првиот обид за воведување градски превоз во Штип. На јавниот повик кој заврши на крајот на минатиот месец нема пријавено ниту една фирма. Согалсно на ова општината ќе распирше нов јавен повик на кои повторно ќе се бара оператор кој ќе врши градски јавен превоз во Штип, но ќе бидат изементи условите.
„Општина Штип распиша јавен повик за доделување на пет општински линии за вршење на општински лински превоз. Јавниот повик траеше до 31 мај 2022 година на кој што повик немавме заинтересирано превозници и немавме поднесено понуди. Со тоа сметаме дека јавниот повик е неуспешен и Општина Штип ќе распише нов јавен повик до сополнителни изменети кои треба да се исполнуваат на тој јавен повика“ – кажа Блажева.
Според Блажева моменталната ситуација во државата и кризата во која се наоѓа, како и секојдневните проемни на цените на горивата се причина поради која на повикот немало заинтересирани превозници.
„Можеме да претпроставиме кои се причините, па претпоставуваме дека е ситуацијата целосна во нашата држава и во светот, економската криза и варирањето на цените на нафтените деривати. Превозниците треба да возат по една цена, да дадат понуда, а немаат стабилност на пазарот. Во тој контекст измените ќе бидат во однос на цените и субвенциите кои што Општина Штип ќе ги додели“ – додаде Блажева.
А, граѓаните во Штип велат градски превоз во градот е повеќе од потребно. И по првиот не успешен обид тие се оптимисти дека од септемеври птипјани ќе добијат градски превоз.
Градски јавен превоз во Штип е едно од предизборно ветување на актуелниот градоначалник на Штип, Иван Јорданов. Градскиот превоз треба да се стави во функција од септември оваа година.
Лаура Стојанова М-Нет