Денес се гласа за нов ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Се спроведува гласањето за нов ректор на штипскиот Универзитет. Во трка за ректорското место се шест кандидати, кои претходно се пријавија на јавниот повик, а Универзитетската изборна комисија ја утврди уредноста на пријавите.

Кандидатите за кои денес се гласа се:

проф. д-р Татјана Атанасова – Пачемска, Факултет за информатика;

проф. д-р Владо Гичев , Факултет за информатика;

проф. д-р Емилија Јаневиќ – Ивановска, Факултет за медицински науки;

проф. д-р Дејан Мираковски, Факултет за природни и технички науки;

проф. д-р Зоран Панов, Факултет за природни и технички науки;

проф. д-р Винета Сребренкоска,Технолошко технички факултет.

Гласањето на единицата на Универзитетот го спроведува комисија од пет члена избрана од наставно – научните и наставно – научните и уметнички совети на единиците на Универзитетот.

Изборните комисии ќе ги обработат резултатите и ќе ги достават до Универзитетската изборна комисија, која ќе ја донесе одлуката, а истата потоа треба да биде потврдена од Сенатот.

Новиот ректор ќе го води Универзитетот со мандат од три години со право на уште еден избор, почнувајќи од 15 септември 2022 година, па сѐ до 14 септември 2025 година.

Ребека Спасова М-Нет