„Талир 2“ тема за препирки меѓу Власта и опозицијата во Штип

ВМРО ДПМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски и криминален начин, посочија денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Но, од таму додаваат дека со пресудата за Талир 2 неправдата е исправена. Според нив треба да се продаде имотот на ВМРО ДПМНЕ во Штип и парите да се вратат кај граѓаните.

„Пресудата за „Талир 2“ е нова потврда за епските димензии на криминалот на ВМРО ДПМНЕ. Оваа пресуда е победа на правдата во еден од најголемите корупциски случаи на ВМРО ДПМНЕ и воопшто во историјата на правото во државата. Со судска пресуда е докажано дека имотот на ВМРО СПМНЕ во нашиот град, заедно со Белиот дворец вреден околу седум милиони евра е незаконски и криминално стекнат. ВМРО ДПМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин. Но, неправдата е исправена. По правосилноста на пресудата, Белиот дворец треба да се продаде и парите да се вратат онаму каде што припаѓаат – кај граѓаните. Истото треба да се случи и со имотот на ВМРО ДПМНЕ во нашиот град“ – кажаа од ОО на СДСМ Штип.

На ова координаторот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, Душко Иванов оговори дека победа на правдате во држават не може да има.

„За пресудата во која ВМРО ДПМНЕ не е страна во постапка и не е правосилна, ОК на ВМРО ДПМНЕ не би коментирал, дотолку повеќе што истата е донесена од еден партизиран правосуден систем во кој граѓаните на државата имаат доверба само 8%. Победа на правда во овој момент во Македноја не може да има, од причина што СДСМ со владеачката коалиција ги контролираат сите монтирани судски процеси во институциите надлежи за владеење на правото и спороведување на истото. Да зборува за криминал СДСМ во која за пет години се обвинети за криминал со милионски суми неколку генерални секретари на Влада со која истата раководи и мегааферата Рекет, а гласноговорник на невистините да е поранешен директор кој е променет од огранот на управување на иституцијата со која раководел поради утврдени незаконски дејствија, најмалку е несериозно, неодговорно и лицемерно, а за истото граѓаните се сведоци секојдневно“ – одговори Иванов во писмено соопштение.

Лаура Стојанова М-Нет