Прекрасен поглед убава природа водостојот на езерото Калиманци е се поблиску до градот со што привлекува секојдневно локални посетители но не остануваат рамнодушни и оние кои транзитираат низ Каменица, патници кои прават пауза за да си ги наполнат своите биолошки батерии. Но вистинското прашање е до кога ќе може да се ужива бидејки од 7 мај треба да биде пуштена водата во двата магистрални канали со што започнува овогодинешната наводнителна сезона за оризовите насади во Кочанското поле. Моментално во Калиманци има околу 76 милиони кубни вода што е некаде двојно помалку од минатата година. Сите сме сведоци дека поради климатските промени врнежите се многу ретки а за снегот скоро и да го нема освен по Осоговските врвови колку да не се заборави како изгледа. Колку да не биде сосема изгубена надежта на земјоделците кои веќе пројавуваат загриженост како ќе успеат да се справат со своите насади а и сите останатите погледите ќе бидат свртени кон небото очекувајки почести врнежи од дожд. Водата е основа и неопходна за сите живи организми на сите е потребна па треба да се поработи и на еколошката свест и да не предизвикуваме поголемо влошување на климатските промени и оставиме природата да си го прави своето.