
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска беше во посета на Општина Пробиштип. Од овде тој потенцираше дека Владата понудила доста мерки во кризни времиња, а доста фирми тоа го искористиле, со што и во време на пандемија бројот на невработени не се намалил. Со ова се придонесува за подобар стандард за граѓаните и намалување на невработеноста во државата.
„Во овие кризни времиња секоја успешна приказна е поттик и одговор дека и во овие глобално сложени времиња со добро планирана стратегија се постигнува успех и развој. Таков е примерот со компанијата Таб Мак. Ова не го кажувам случајно туку врз основ на презентацијата која ја видовме претходно. И во време на пандемија тие не го имаат намалено бројот на вработену, туку напротив го имаат зголемено, а и продажбата се зголемува од година во година – кажа Ковачевски.
Во оваа прилика Ковачевски истакна дека навремно се реагирално за намалување на цените и одджување на ликвидонст на компаниите во време на ковид пандемија.
„Во време на најголемата енергетска криза обезбедивме да има непречено снабдување со електирчна енергија во државата, со што и компаниите непречено продолжија да работат. Се зголеми и минималната плата, веќе 80 илјади вработени земаат 18 илјади денари плата“ – додаде Ковачевски.
Денеска освен фабриката Таб Мак, Ковачевски зедно со Николовски, Бочварски и Бетиќи, како и градоначалникот на Пробиштип, Анастасов извршија увид во градежните активности на регионалниот пат до Лесново, како и посета на рудникот Булмак.
Лаура Стојанова М-Нет