Ковачевски: Влдата ќе го поддржи решавањето на проблемот со јаловишната депонија во Пробиштип

Една од најболните еколошки точки во државата е јаловишната депонија во Општина Пробиштип. Пред месец дена градоначалникот Анастасов истакна дека проектот е во завршна фаза со што оваа депонија ќе прерасне во фотоволтаична централа. Дека решение ќе има потврди денеска и премиерот Димитар Ковачевски од Пробиштип.

„Јаловишната депонија во Пробиштип е не децениски туку повеќе децениски проблем и тоа е ајде да кажеме едно од неколкуте болни еколошки точки во нашата држава. Ако можевме да кажеме дека линданот во ОХИС е една од тие болни точки можеби и најболната бидејќи се наоѓаше во центарот на Скопје и кога сите веалеа дека е не можно да се реши оваа Влада потрвди дека е можно. Во врска со јаловиштето, општината веќе работи на студија, прво се бара партнер кој ќе може да обезбеди финансикси средства за санирање на земјиштето и истото да се користи.“ – кажа Ковачевски.

За решавање на овој проблем во Пробиштип општината ќе добие поддршка од Владата додаде Ковачевски. Според него изводлива е реализацјата на овој проект кој ќе доведе до крај на еколошката катастрофа во општината.

Лаура Стојанова М-Нет