Ул. „Цвета Јованова“ Штип и уште шест други улици ќе бидат асфлатирани до крајот на неделата

И улица „Цвета Јованова“ во Штип во редот на улици кои оваа недела треба да бида асфалтирани. Денеска се правеа последните подготовки пред нанесување на првиот асфалтен слој, односно се тампонираше еден крак од улицата. Околу половина милион денари пари на граѓаните ќе бида употребени за улицата да добие лик кој го заслужува.

„Денес сме на улица Цвета Јованова. Се започнуваат активности за уредување, најпрво со земјен насип на крак од улицата, припрема пред асфалтирање и очекувам оваа недела не само оваа улица , туку и во неколку други населби да се заврши целото асфалтирање.“ – кажа Јорданов.

Граѓаните кои живеат во овој дел од градот се задоволни од започнатите прокети. Велат конечно ќе се ослободат од прашината и се надеваат дека асфалтирањето ќе се заврши во најбрз можен рок.

„Овој градоначалник е единствен кој што си стоеше на зборот. Како ја направивме куќата, толку е и улицата не асфалтирана“

Јорданов е оптимист дека до крајот на неделата ќе бидат асфалтирани и останатите предвидени улици во Општина Штип.

Лаура Стојанова М-Нет