
Денес на прием во кабинетот на првиот човек на Општина Штип беа борачите на БК Олимпија со цел да го запознаат градоначалникот со нивните постигнати успеси и резултати во Република Бугарија. Јорданов потенцираше дека градот под Исарот е горд на успесите.
Задоволството да се учествува во ваков турнир, но и резултатите што ги постигнале борачите претставуваат гордост за нивниот тренер.
Но не само тренерот, задоволството го истакнаа и двете учеснички во овој турнир.
Инаку БК Олимпија брои околу триесетина членови, но во иднина нивната цел би била формирање на помала група, односно со помали категории за деца. Од меморијалниот турнир во Бугарија се вратија со осум медали.