СОУ „Јане Сандански“ – Штип организираше отворен ден за идните средношколци

Во рамки на кампањата „Учи паметно работи стручно“ денес беа отворени и вратите на штипското медицинско училиште. Целта на настанот е со отворените денови и кампањата за дуални паралелки да се поттикнат деветтооделенците да се запишат во училиштето.

На настанот присуствуваше и првиот човек на Општина Штип, градоначалникот Иван Јорданов, кој истакна дека комуникацијата и соработката со бизнис секторот е клучна за да профункционира дуалното образование.

Според директорката и градоначалникот важно е да се подиге свеста на идните средношколци за своето средно образование да го посветат токму на стручното образование од што ќе имаат многу придобивки. Јорданов посочи дека веќе имале средба со директорите на училиштата за да се отворат и дуални паралелки во штипските средни училишта.

Ребека Спасова М-Нет