
Расчистени 21 кривично дело на територија на СВР Штип. Во текот на месец април полициски службеници од СВР Штип и одделенијата за внатрешни работи при Секторот расчистиле вкупно 21 кривично дело, меѓу кои има тешки кражби, насилство, обид за силување, а кои се на територија на Штип, Кочани, Пробиштип и Виница.
„Од нив, две кривични дела кражба, десет кривични дела тешка кражба, едно кривично дело фалсификување исправа, едно кривично дело насилство, едно силување во обид, едно напад на полициски службеник при вршење работи на безбедноста, едно загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, едно одземање на моторно возило и три кривични дела сторени при вршење на семејно насилство. Од страна на ОВР Виница расчистени се кривично дело кражба и кривично дело одземање моторно возило. ОВР Пробиштип расчисти кривично дело разбојништво, ОВР Кочани расчисти кривично дело тешка кражба“ истакна портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.
СВР Штип во текот на изминатиов месец април во рамки на расчистените кривични дела поднесе и 15 кривични пријави против 18 осомничени сторители.
Ребека Спасова М-Нет