На фудбалски натпревар во Штип приведени две лица поради меѓусебна физичка пресметка

На 08.05.2022 од страна на  полициски службеници во Полициската станица  Штип биле приведени Д.М.(31) и Б.С.(20), двајцата од Штип, бидејќи  околу 18.30 часот на Градскиот стадион во Штип,  каде се одигрувал фудбалски натпревар, дошло до меѓусебна физичка пресметка. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.