
Меѓу 19 нови претседатели, избрани на вчерашниот Извршен комитет на ВМРО – ДПМНЕ одржан во Скопје, е и нов претседател на општинскиот комитет на партијата во Карбинци.
Гордана Барбашка е нов претседател на ОК ВМРО – ДПМНЕ – Карбинци. Барбашка е долгогодишен член на партијата, а во моментов работи како одделенски наставник во ООУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци.
На претседателското место Барбашка доаѓа по Виктор Паунов, кој е актуелен градоначалник на Општина Карбинци.
Освен Гордана Барбашка во Карбинци и Душко Иванов во Штип, нови претседатели се и:
Илија Стоилев во Свети Николе,
Оливер Митев во Пробиштип,
Јорданчо Костадинов во Чешиново – Облешево и
Николчо Спасовски во Пехчево.
Ребека Спасова М-Нет