Пожар во автомобил во дворно место во Штип

На 01.05.2022 во 00.05 часот во СВР Штип, А.А.(45) од Штип пријавил дека во дворот од неговата куќа во Штип настанал пожар на патничко возило „пежо 807“, со штипски регистарски ознаки, сопственост на неговиот син. Повредени лица нема, пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.