
Помладите на гости кај повозрасните, на трпезата баклава, со песна верниците од Исламска вероисповед денеска го празнуваат празникот Рамазан Бајрам. Велат традицијата од минатото останала да се практикува и денеска. На овој ден си простуваат, се радуваат и прославуваат.
„За Бајрам помладите одат кај повозрасните, се прави ручек, децата наутро одат по домовите го најавуваат празникот и добиваат бонбон, баклава, паричка кој што има.„
Претходно 30 дена постеа, секојдневно одеа во Џамија за да се помалат, со чиста мисла и душа во исчекување на еден од најголемите празници Рамазан Бајрам. Рамазан Бајрам трае 3 дена еден по друг започнувајќи од првиот ден од месецот шевал, односно десеттиот месец според арапскиот календар.
Лаура Стојанова М-Нет