Со баклава на трпезата верниците од Исламска вероисповед го празнуваат Рамазан Бајрам

Помладите на гости кај повозрасните, на трпезата баклава, со песна верниците од Исламска вероисповед денеска го празнуваат празникот Рамазан Бајрам. Велат традицијата од минатото останала да се практикува и денеска. На овој ден си простуваат, се радуваат и прославуваат.

„За Бајрам помладите одат кај повозрасните, се прави ручек, децата наутро одат по домовите го најавуваат празникот и добиваат бонбон, баклава, паричка кој што има.„

Претходно 30 дена постеа, секојдневно одеа во Џамија за да се помалат, со чиста мисла и душа во исчекување на еден од најголемите празници Рамазан Бајрам. Рамазан Бајрам трае 3 дена еден по друг започнувајќи од првиот ден од месецот шевал, односно десеттиот месец според арапскиот календар.

Лаура Стојанова М-Нет