Здравков: Од вторник чешмите во Штип ќе бидат пушени во употреба

Од вторник штипјани наместо да си купуваат шише вода ќе имаат можност да ги користат јавните чешми кои ќе бидат пушенти во функција. В.Д. Директорот на ЈП Исар Трајче Здравков потврди дека веќе се во план чешмите да бидат ставени во функција, бидејќи дневните температури се покачени и граѓаните имаат потреба од истите.

„Зголемени се температурите, имаме пролетни температури, наскоро ќе дојде и летото. Испланирано е според планот и програмата на јавното претпријатие, во текот на викендот пред празникот да се активираат сите градски чешми кои може да се стават во функција. Граѓаните веќе од први, втори мај ќе можат да ги користат и градските чешми“ – кажа Здравков.

Потребата од чешма во централното градско подрачје, но и во останатите населени места во Штип е огромна и на овој проблем граѓаните реагираа неколку пати до сега. Но, Здравков претходно истакна дека заради ниските температури чешмите не се ставени во функција, бидејќи имаше можност од нивно замрзнување или пукање. Чешми кои не се во функција има поставено на повеќе локации и се очекува од истите конечно да протече вода.

Лаура Стојанова М-Нет