
Со сечење црвена лента и настан на кој присуствуваа градоначалникот на Општина Штип, советници, пратеници денеска се отвори новиот спортско рекреативен центар во населба Баби во Штип. Спортско исгралиште со нов под и спортски реквизити, хортикултурно уреден парк простор за релаксација и детски парк се дел од содржините кои ги нуди овој простор. Парите се обезбедени од Буџетот на Општина Штип.
„Спортско рекреативниот центар опфаќа спортски терени кои што се реконструирани со нова подлога, кошеви и голови, хортикултурно уредување на парковата површина, целосно осветлување, поставување на канделабри, инвестиција одвоена од Буџетот на Општина Штип од парите на граѓаните во вредност од три ипол милиони денари. Ова е прва фаза од уредување на овој простор во најголемата населба во Штип, следна фаза ќе биде издвојување дополнителни четири ипол милиони денари нова паркова површина“ – кажа Јорданов.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска само му честитшае на Јорданов за направеното, бидејќи парите на граѓаните се инвестираат во простор за нив.
И во иднина ќе се проолжи со инвестиции во Штип, истакна денеска Јорданов, а Мицкоски додаде дека ќе продолжи и поддршката.
Лаура Стојанова М-Нет